Да се биде дел од ОКТА

Се стремиме кон создавање на безбедна работна средина исполнета со меѓусебна поддршка, соработка и доверба, кои веруваме се клучни двигатели за унапредување на перформансите на нашите вработени и движечката сила која стои зад успехот на компанијата. Во индустрија којашто постојано се менува и бара висок степен на стручност, вештините на нашите вработени се клучна конкурентска предност и највредното средство на ОКТА.

Односот со нашите вработени го градиме врз принципот на рамноправен третман. Интеграцијата и напредокот на секој вработен во ОКТА се оценуваат врз основа на нивните квалификации, перформанси и амбиции, без никаква дискриминација врз основа на пол, возраст, потекло, боја, религија, националност, фамилијарен статус или верувања.

Водиме посебна грижа за максимално зголемување на вредноста на нашиот кадар преку создавање на здрава, позитивна и модерна работна средина во која се цени индивидуалноста, се поддржува постојаниот развој на секој вработен, а во исто време се охрабрува тимскиот дух. Создадовме голема корпоративна фамилија којашто комуницира, ги поддржува своите вработени, и ги споделува нивните проблеми, радости и грижи.

Нашите вработени

Нашата стратегија за човечки ресурси е неразделно врзана со мисијата и целите на нашата компанија, притоа се стремиме:

  • Да бидеме работодавец кој ќе биде прв избор, со вработени кои се главната конкурентна предност на компанијата.
  • Постојано да вложуваме во нашите вработени и да го поддржуваме нивниот професионален развој.
  • Нашите луѓе да бидат задоволни со нивната работа и да се чувствуваат горди што се дел од тимот на ОКТА.

Нашиот тим се состои од талентирани луѓе, професионалци во својата област, кои работат на најнапредните технички и комерцијални проекти во енергетскиот сектор во земјата.

Инвестирање во нашите вработени

Нашите вработени се наша најголема конкурентска предност на пазарот. Инвестирањето во нив е клучот на нашиот успех, како сега така и во иднина. Во тој контекст, континуирано обезбедуваме услови за постојан развој на вештините на нашите вработени. Врз основа на постигнатите резултати и покажаните способности, вработените ги наградуваме со морални и материјални награди. Нашите награди се дизајнирани за да ги задоволат различните потреби на нашата разновидна работна сила.

 
Еден од нашите приоритети е постојано да ги унапредуваме перформансите и експертизата на нашите вработени. Преку специјализирани едукативни програми и обуки им нудиме шанса да го збогатат и прошират нивното знаење во областа во која се ангажирани, а со тоа и да го следат текот на брзиот развој на енергетскиот сектор.
 
На почетокот на 2013-та година, Хеленик Петролеум Групацијата ја започна ХЕЛПЕ Академијата, којашто има успешно спроведено повеќе од 28.000 часови обука досега, со учество на повеќе од 600 вработени на Групацијата, вклучувајќи ги и вработените на ОКТА.

Можности за кариера

Во ОКТА бараме луѓе кои ја делат нашата мисија, визија и вредности. Профилот кој одговара на нашите потреби се луѓе со исклучителни вештини, ентузијазам и внатрешна мотивација да напредуваат и да се издвојат во динамична работна средина. 

Доколку сте заинтересирани да конкурирате за позиција во нашата компанија, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на следнава адреса: okta_career@helpe.gr

 

Практикантска програма

Како дел од активностите за зајакнување и подмладување на своите човечки капацитети, ОКТА спроведува практикантска програма два пати годишно. Студенти од различни факултети кои се блиски и сродни со оперативните дејности на ОКТА имаат можност да бидат дел од работната атмосфера на компанија и да стекнат искуство за понатамошните предизвици во нивната професионална кариера. На овој начин ОКТА добива свежи и иновативни идеи од високообразовани млади луѓе, додека најнадежните кандидати добиваат можност да се приклучат на нашиот тим.

Кандидатите се избираат според нивните квалификации, заложби и постигнати резултати во текот на академското образование. Селекцијата на студентите се одвива во неколку фази, во кои се цени нивниот ентузијазам, амбиција и желба за учење, унапредување и градење на професионална кариера. Во нивниот тримесечен ангажман, практикантите се целосно вклучени во работните процеси на ОКТА со полно работно време и под менторски надзор. За време на праксата компанијата обезбедува превоз и храна, како и дополнителен финансиски надомест.

Доколку сте заинтересирани да се вклучите во програмата, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на следнава емаил адреса: okta_career@helpe.gr 

Активни огласи: