ОКТА Super 15W-40

Го задоволува нивото на квалитет на следните спецификации: ACEA A3/B3, API SL/CF, MB 229.1
Моторно масло со високи перформанси развиено за патнички автомобили и комерцијални возила со мали оптоварувања, погодно за бензински и дизел мотори. Овозможува одржување на чистотата на моторот и заштита од абење при управување под нормални услови. Исто така, погодно е за возила со инсталирани уреди на ТНГ и метан.

OKTA Extra 20W-50

Го задоволува нивото на квалитет на следните спецификации: SF/CF
Мултиградно, повеќенаменско масло, погодно за примена онаму каде што се препорачуваат масла со API SF и API CF нивоа на квалитет.

OKTA Diesel SAE 30

Го задоволува нивото на квалитет на следните спецификации: ACEA E2, API CF/SJ, MB 228.0, MAN 270, MTU TYPE 1, ALLISON C-4, CAT TO-2.

Високо квалитетно и заштитно масло за дизел мотори со големо оптоварување. Погодно за бродски мотори и мотори за тешки теренски возила. Исто така се користи за хидраулични системи или компресори каде производителот препорачува користење масло со специфичен вискозитет.

OKTA Synthetic 5W-30

Го задоволува нивото на квалитет на следните спецификации: ACEA C3, ACEA C2, API SN, MB 229.51, MB 229.31, VW 502 00/505 01, VW 502 00/505 00, GM dexos 2, PSA B71 2290.

Синтетичко моторно масло со екстра високи перформанси, погодно за модерни бензински и дизел мотори на патнички автомобили и камиони, опремени со катализатор наменет за управување на согорување на гасови. Исто така погодно е за возила со инсталирани уреди за ТНГ и метан.
 

OKTA Diesel Plus 20W-50

Го задоволува нивото на квалитет на следните спецификации: ACEA E2, API CF-4/SH, MB 228.1, MAN 271.

Моторно масло со високи перформанси за дизел мотори со високи оптоварувања, со или без турбополначи, кои се употребуваат на и надвор од патишта во тешки услови.
 

OKTA Diesel Plus 15W-40

Го задоволува нивото на квалитет на следните спецификации: ACEA E5, API CH-4/SJ, ACEA A2/B2, MB 228.1, MAN M 3275-1, VOLVO VDS-2, MTU Type 2.

Високо квалитетно моторно масло за дизел мотори, погодно за возила со високи оптоварувања кои се употребуваат на и надвор од автопати, како и за опрема која се употребува во градежништво, земјоделство, каменоломи и рудници. Погодно за мотори со модерна и постара технологија.
 

OKTA Ultra 10W-40

Го задоволува нивото на квалитет на следните спецификации: ACEA A3/B4, ACEA A3/B3, API SL/CF, MB 229.1, VW 501 01/505 00, JASO MA 2.

Моторно масло со високи перформанси на синтетичка база, развиено за патнички автомобили и комерцијални возила со мали оптоварувања. Погодно за сите бензински мотори, постари дизел мотори и возила со инсталирани уреди на ТНГ и метан. Се препорачува и за 4-тактни мотоцикли, по спецификација од страна на производителот за API SL и JASO MA2 нивоа на квалитет.