Висококвалитетниот 98 октански безоловен бензин целосно ги исполнува строгите барања на најновите Европски регулативи за квалитет на гориво EN 228, односно МКС ЕN 228. ЕУРОСУПЕР БС 98 е дизајниран и за новите генерации возила и за постарите автомобили, бидејќи го прави моторот побрз и обезбедува подобар одговор на гасот. 

Предност на ЕУРОСУПЕР БС 98, во споредба со ЕУРОСУПЕР БС 95 е повисокото ниво на октани што му дава поголема моќност, ја зголемува ефикасноста и обезбедува стабилни перформанси на моторот. Исто така, користењето на овој тип бензин придонесува за заштита на животната средина преку намалување на емисијата на издувни гасови (содржи максимум 10 ppm сулфур, во согласност со европските стандарди).

Во текот на летниот период горивото кое го нудиме има карактеристики наменети за високи надворешни температури, додека во зима е прилагодено на ниските надворешни температури.