Првата Бензинска станица на копманијата „Шимов“ е изградена во 1993 година во Богданци.
Наредната, 1994 година копманијата ја започнува втората услужна дејност, превоз на транспорт на опасни материи, нафта и нафтени деривати со десет транспортни возила, цистерни.
После 2002 година со иновативна стратешка визија и со цел да бидеме прв и единствен избор
се трансформираме и прераснуваме во копманија со високо поставени, но и остварливи цели.
Во 2002 година е отворена втората бензинска станица лоцирана на граничниот премин „Богородица“, која е комплекс од ресторант „Порта ЕУ“, шпедиција и кафетерија.
Во 2004 година е отворена трета бензинска пумпа лоцирана на влезот на Мрзенци на пат кон Негорски Бањи.
Во 2006 година на влезот во Гевгелија е отворена четвртата бензинска станица.
Во 2013 година компанијата успева да се здобие со сопствен простор на граничниот премин „Дојран“, во Стар Дојран, кој врши шпедиторски услуги.
На 17.07.2017 година се отвара бензинска станица и во Дојран.