Кај нас сте секогаш ДОБРЕДОЈДЕНИ и БЕЗБЕДНИ!
 
При влез на бензинска станица, лицето кое е на должност ќе ве спроведе со цел да го паркирате возилото на најсоодветното место, согласно целта на вашата посета.
За полнење гориво, лицето на должност ќе ве спроведе да паркирате веднаш до автоматот за полнење на горивото кое го преферирате. Доколку во моментот на бензинската станица има повеќе возила – ќе ве спроведе во редот во кој чекаат најмалку возила. Полнењето гориво секогаш се врши од автоматот кој е лоциран на иста страна со влезот на резервоарот на возилото. 

Пред полнење на гориво

За ваша безбедност, лицето кое ве услужува ќе ве замоли следново:
  • Да го исклучите моторот на возилото
  • Да го исклучите мобилниот телефон
  • Да не пушите
  • Ваш е изборот дали ќе останете внатре во возилото или ќе излезете надвор
 
Доколку управувате со мотоцикл, лицето кое ве услужува ќе ве замоли да се симнете од мотоциклот со цел:
  • Да не го вдишувате испарувањето на горивото
  • Да избегнете контакт со горивото во случај на протекување
  • Да избегнете ризик во случај да настане пожар предизвикан од контакт на горивото со врелите делови од мотоциклот
 
После полнење на гориво

Пред да го активирате моторот на вашето возило, уверете се дека полнењето е завршено, цревото е отстрането и капакот од резервоарот на возилото е затворен.