Доколку е потребно да користите канистри за гориво, треба да бидете свесни дека за ваша безбедност ние полниме исклучиво во метални или пластични канистри, кои ги задоволуваат спецификациите за транспорт на запаливи материјали и ја лимитираат опасноста од статички електрицитет. Никогаш не полниме стандардни пластични канистри, шишиња за вода и лименки кои не можат да бидат запечатени.
Во случај да не поседувате канистар за гориво:
- Ви препорачуваме да набавите соодветен канистер од продавницата на бензинската станица
- Доколку сакате да избегнете набавка на соодветен канистер за гориво, побарајте еден на заем од бензинската станица
Безбеден транспорт на канистар за гориво:
- Канистарот за гориво се транспортира во исправена положба, безбедно сместен во внатрешноста на возилото, како би се избегнала можноста од превртување. Во текот на транспортот на канистарот уверете се да има свеж воздух (отворете го прозорецот на возилото) и возете полека
- Не е препорачливо транспорт на канистарот со гориво во багажникот на возилото, бидејќи таму е ограничен дотокот на воздух и постои ризик од експлозија
- Доколку канистерот го транспортирате така што одите пеш, внимавајте да не го тресете контејнерот