ТНГ (Течен нафтен гас) како идеална мешавина помеѓу пропан и бутан е во согласност со европскиот стандард EN 589, односно МКС EN 589. Секогаш високиот моторен октански број, како и притисок на пареи со карактеристики наменети за ниски надворешни температури во зима и карактеристики наменети за високи надворешни температури во лето овозможуваат идеална работа на моторот на Вашиот автомобил во текот на целата година.
OKTA нуди ТНГ, прилагоден за гасни уреди од најновата генерација. Придобивките од користењето ТНГ се ниската цена, подолго работење на моторот, пониски трошоци за одржување, како и подолг животен век на свеќичките, моторното масло и на катализаторот. Воедно тоа е еколошки поприфатливо за зачувување на животната средина во однос на традиционалните моторни горива.