Екстра лесното гориво, наменето за потребите на домаќинствата е приспособено со карактеристиките кои во целост одговараат на македонскиот стандард за масла за горење MKC B.X2.430. Ова гориво служи за индустриска и професионална употреба, како и за потребите на домаќинствата. Наменето е за котли на пареа, горилници под притисок без можност за предзагревање на горивото, за генератори и други машини. Нашето гориво се карактеризира со пониска содржина на сулфур од максимално дозволената, како и со одлична точка на течење и вискозност при екстремно ниски температури во зима.
Екстра лесното гориво е обоено со препознатлива црвена боја и маркер. Треба да се избегнува негово складирање заедно со други хемикалии, особено оние што можат да предизвикаат пожар (оксиданти, киселини и сл.). Алатките и уредите што можат да предизвикаат искра не треба да се користат во просториите за складирање. Задолжително да се чува подалеку од отворен пламен, топли површини и извори на палење.