Почетоците на копманијата „Шимов“ датираат од 1990 година, кога е основана и за првпат на пазарот се јавува како копманија со една услужна дејност, продажба на возила од програмата на “Mercedes Benz” , авто-гуми “Sava“ и “Michelin” и моторно масло “LIQUI MOLY”.

Основана е со двајца вработени и еден управител. Набргу прераснува во копманија која има тенденции за брз развој и ширење во повеќе услужни дејности. Во 1993 година е изградена првата бензинска станица во Богданци. Наредната, 1994 година копманијата ја започнува втората услужна дејност, превоз на транспорт на опасни материи, нафта и нафтени деривати со десет транспортни возила, цистерни. До 2002 година копманијата ќе опстојува со постоечките дејности. Економската криза на ниво на Европа ќе го забави развојот сѐ до 2002 година. После оваа година, таа ќе доживее своевидна трансформација и ќе прерасне во копманија со високо поставени, но и остварливи цели. Истата, 2002 година е отворена втората бензинска станица лоцирана на граничниот премин „Богородица“, која е комплекс од ресторан „Порта ЕУ“, шпедиција и кафетерија. Во 2004 година е отворена трета бензинска пумпа лоцирана на влезот на Мрзенци на пат кон Негорски Бањи.

Во 2006 година на влезот во Гевгелија е отворена четвртата бензинска станица. Освен наведените дејности, компанијата во континуитет го зголемува сопствениот возен парк со уште пет нови транспортни возила. Ваквата состојба не е конечна, зашто во 2013 година успева да се здобие со сопствен простор на граничниот премин „Дојран“, во Стар Дојран, кој врши шпедиторски услуги.

Шимов транспорт Компани“ и „ШТ“ имаат носечка улога во снабдувањето со нафтени деривати во југоисточниот регион. Во неа денес се вработени 65 граѓани од општините Богданци, Гевгелија и Дојран. За успехот заслужен е раководниот кадар и тимот вработени со својот професионалниот однос, стручност и лојалност кон своите клиенти.
Идни планови, зголемување на возниот парк, отворање на нови бензински станици, маркети и шпедиција на граничниот премин „Богородица“.

17.07.2017 СЕ ОТВОРА – ДОЈРАН Бензинска

2019,2020 – се обновува возниот парк со 3 нови LAG цистерни и 3 нови ВОЛВО Влекачи

„Шимов транспорт Компани “ и „ШТ“ се компании кои се симбол за препознатливост, гордост и просперитет на Богданци.

ПРОНАЈДИ
БЕНЗИНСКА СТАНИЦА