Ние сме одговорна компанија која се грижи за создавање безбедни услови за своите вработени, нивното здравје, како и безбедноста и здравјето на сите граѓани. Посветени сме на висок квалитет на услугите и одговорно работење со грижа кон луѓето и околината.
Која може да се пофали во создавањето на безбедни услови на своите вработени, нивното здравје како и безбедноста и здравјето на сите граѓани
Во секојдневното залагање за зачувување на животната средина, унапредување на работењето со најдобрите технологии, ефикасноста и организацијата
Компанијата ги штити здравјето на вработените и граѓаните, унапредувајќи технологии и грижа за животната средина
Од 1993 година обезбедуваме сигурност и доверба во горивата, со децении искуство во индустријата
Производи кои обезбедуваат сигурност, оптимална работа и долготрајност на вашиот мотор и целото возило, создадени со квалитет и внимание до секој детал
Екстра лесното гориво, наменето за потребите на домаќинствата е приспособено со карактеристиките кои во целост одговараат на македонскиот стандард за масла за горење MKC B.X2.430. Ова гориво служи за индустриска и професионална употреба, како и за потребите на домаќинствата.
ТНГ (Течен нафтен гас) како идеална мешавина помеѓу пропан и бутан е во согласност со европскиот стандард EN 589, односно МКС EN 589. Секогаш високиот моторен октански број, како и притисок на пареи со карактеристики наменети за ниски надворешни температури во зима.
Високиот квалитет на Еуродизел БС што го нудиме ги исполнува строгите барања на најновите Европски регулативи за квалитет на гориво EN 590, односно МКС ЕN 590. Обезбедува максимални перформанси на возилото, правилно стартување и беспрекорно функционирање на моторот.
Висококвалитетниот 95 октански безоловен бензин целосно ги исполнува строгите барања на најновите Европски регулативи за квалитет на гориво EN 228, односно МКС ЕN 228, согласно барањата на Euro5 стандардите за емисија на моторни возила.
Висококвалитетниот 98 октански безоловен бензин целосно ги исполнува строгите барања на најновите Европски регулативи за квалитет на гориво EN 228, односно МКС ЕN 228.ЕУРОСУПЕР БС 98 е дизајниран и за новите генерации возила и за постарите автомобили.
Постојат три вида на моторни масла. Од кои едните се за возила, другите за моторцикли и третите за менувачи. Моторно масло со високи перформанси развиено за патнички автомобили и комерцијални возила со мали оптоварувања, погодно за бензински.
Синтетичка течност за кочници којашто го задоволува нивото на квалитет на следниве спецификации: FMVSS 116 – DOT 3, SAE J 1703, ISO 4925.
ОКТА Антифриз го задоволува нивото на квалитет на следниве спецификации: ASTM D3306, SAE J1034, BS 6580, AFNOR NF R150-601, ΦΕΚ 2988/Β/22-11-2013. ОКТА Антифриз е концентрат за ладење на мотори на база на етилен гликол и специјални адитиви за заштита на системот за ладење од замрзнување и корозија. За зголемување на заштитата потребно е да се користи најмалку 33% воден раствор на концентратот.
Програма Гаранција. Програм на ОКТА кој обезбедува целосна контрола на квалитетот и количината на горивото на сите наши бензински станици. Со редовни и ненајавени проверки од мобилна лабораторија и независни контролори, секоја станица што успешно го поминува тестирањето добива сертификат и обележување „Проверено“, гарантирајќи сигурност и точност за сите клиенти.
Сите СертификатиСледете ги најновите производи, промоции и ажурирања од нашата компанија за да бидете секогаш информирани
Малку познати факти! При изградба на автопатишта, асфалтот како материјал се одбира многу почесто. Ова се случува поради фактот дека возењето на асфалт е помазно
Прочитај ПовеќеЗапочни го последниот работен ден со гратис освежување! Наполни квалитетно гориво во вредност од 500 денари и добиј еден гратис пијалок: Хел енергетски пијалок, Вива
Прочитај ПовеќеОКТА Факти Организацијата на Црвен Крст во ОКТА, постои од 1971 година. Во моментов, 46% од вработените во ОКТА, се активни крводарители. Три пати годишно,
Прочитај Повеќе