Како дел од корпоративната стратегија, ОКТА е посветена да возврати и на значаен начин да придонесе во општеството каде што работиме и живееме. Имајќи го предвид фактот дека сме една од најголемите компании во земјата, веруваме дека со користење на нашите ресурси и работна сила, можеме да придонесеме и влијаеме за доброто на целата заедница. Ја препознаваме одговорноста да бидеме добар корпоративен граѓанин и затоа сме посветени на постигнување видливи и мерливи бенефити за нашите вработени, нашите клиенти и општеството во целина.
Важна улога во општествено-одговорниот концепт на компанијата имаат и нашите вработени, кои често доброволно иницираат и се вклучуваат во хуманитарни активности.
Во овој контекст, помеѓу позначајните иницијативи на ОКТА во текот на 2022 година се вбројуваат следните:
- Главен спонзор на машката сениорска кошаркарска репрезентација во квалификациите за Светскиот куп во кошарка (2023 FIBA Basketball World Cup).
- Доделување стипендии за постдипломски студии на студенти на различни факултети на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
- Поддршка на културни активности преку спонзорирање на реномираните музички фестивали Охридско Лето, Скопје Џез Фестивал и ОФФест.
- Поддршка на Меѓународната Конференција Енергетика 2022.
- Донација за ранливите групи граѓани преку соработка со Црвениот Крст на Град Скопје.
- Донација за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон за организација на хуманитарната трка “Подај рака 2022”.
- Донација на 6.000 литри гориво за греење за потребите на СОС Детско Село.
- Донација на новогодишни пакетчиња за децата од основните училишта лоцирани во околината на ОКТА.
- Црвен крст при ОКТА три пати годишно организира крводарителски акции на кои учествуваат голем број вработени во компанијата.
