April 2, 2014

Ресторант “ПОРТА ЕУ”

Во нашиот пријатен амбиент ќе се чуствувате опуштено и далеку од градската врева во интимна атмосфера ќе уживате во специјалитетите од македонското поднебје. Присутноста на духот и мирисот на староградско-етно стилот ќе ве натера да се чуствувате како во раните 40 години, место каде што ќе го почуствувате благодедството на вкусната храна и прекрасното вино, место каде што е опфатена целокупната потреба на еден народ што му е потребна во овој момент на нереални, неквалитетни и непродуктивни производи од страна на угостителските објекти.

Ресторант ПОРТА ЕУ пред се работи на храна со висок квалитет, брза и исклучително професионална услуга од страна на целоопфатениот персонал.  Ресторант ПОРТА ЕУ не им нуди на своите клиенти само скара и домашни салати, туку и цела низа висококвалитетна храна од македонската традиционална кујна и пијалоци.

Овие рецепти  ги подготвуваат готвачи кој имаат искуство од старата македонска-традиционална кујна, И нормално се работи секогаш по желбата на нашите драгоцени клиенти.

Ресторанот ПОРТА ЕУ се наоѓа во близина на граничниот премин Богородица (Македонско – Грчка граница).

Организираме посебни деловни ручеци и вечери по ваша желба, шведски маси, коктели, банкети, родендени и други видови на забави.