June 6, 2017

Квалитет, здравје, безбедност и животна средина

Наша долгорочна посветеност е континуирано подобрување на квалитетот на нашите производи и услуги, водејќи грижа истовремено за луѓето и животната средина. Ние ставаме посебен акцент на обезбедување на здравје и безбедност при работа, заштита на животната средина, зголемување на квалитетот на работењето на компанијата и грижа за заедницата. Оваа наша заложба е во корист на сите наши клиенти, нашите вработени и партнери, нашите акционери, како и заедницата каде живееме и работиме.

Компанијата ШИМОВ го помина процесот на сертификација и се стекна со сертификат за успешна имплементација на следниве стандарди:
  • ISO 9001 – Управување со квалитет
  • ISO 14001 – Управување со животна средина
  • OHSAS 18001 –Управување со здравје и безбедност при работа